кон (предл.) - влезен (прид.)

И токму зачекорив кон влезната врата, туку се фрли кон мене не пес, ами ѕвер.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се свртев кон влезната врата со цел да одам да му кажам на работникот Ристе Петревски кој беше во канцеларијата на секретарката, ама тој веќе беше на вратата и му свикав да викне брза помош.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го сврти погледот кон влезната врата која не беше најдобро осветлена и дури тогаш успеа да забележи две- три сенки зад стаклото што токму во тој момент се раздвижија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)