кон (предл.) - близок (прид.)

Се заврте кон сите четири страни на светот и ги повтори истите зборови во воздухот, се издиши длабоко и му олесни на душата, како на работник, кога успешно ја свршил својата тешка работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата отиде на ритчето над село откаде стрелаше утринава Толе и почна да вика кон блиската шума „Грбавец", не гледајќи никого, но знаејќи дека половината селани се засолнати во растот, пештерите и во Николовите колиби: — Еј, селани бреееј, уоооо!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури едните стрелаа, другите еден по еден ползеа кон блиската камена плевна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Целиот ден другарите од камената плевна пукаа на аскерот!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Камилски го наполни куферчето со книги и појде кон блискиот хотел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потем погледна низ отворениот голем прозорец кон реката која брзо течеше кон блиското море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На масичката веднаш до големиот прозорец со поглед кон блиската река веќе беше поставено мезето со двете чашки домашна ракија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледав иронично кон домаќините, со сожалување кон блиските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога мислеше дека го достигнал зенитот во уверливоста на кажувањето, за што добиваше дискретен знак на одобрување од страна на семоќниот А.А., првин се свртуваше кон блиското, големо пано со фотографии и написи, кои наводно сами зборуваа, тој со возвишен и патетичен глас да продолжи: - По ослободувањето на земјата од злокобниот фашизам, нашите народни судови први се пресметаа со предавниците од секаков сој, донесувајќи праведни и револуционерни пресуди и ја воспоставија историската правда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка никогаш не можеше да ги заборави тие мигови меѓу животот и смртта на пат кон блиската Корча поштедена тие денови од борбата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
РАКАТКА - Еден ден се сретнале трите госпожи ракови: Ракавица, Ракатка и Ракета. „Мојот рак многу пие ракија“, рекла Ракавица. „Мојот пак рак игра премногу ракомет!“, рекла Ракатка. „А мојот пак не само што има ракопис сврака (!) туку неприлично ракоплеска, а богами и ги ракоположува краците кога баш не сум расположена...“, рекла Ракета и отишла да се шета кон блиските тениски терени.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Погледнав кон блиските грмушки.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во овој однос кон животните Бургиба гледаше како западниот човек го презел арбитрарно правото да го раздвои човештвото од анималноста, кое судбински го опкружува, предизвикувајќи свесно еден циклус на планетарно проклетство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Односот кон анималниот свет ќе го доведува човека да се однесува како кон жртвуваните животни и кон блиските од својот човечки сој.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во првата мугра крикнува искубан петел од лонецот со врела вода.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дури не пекнало сонцето тргнуваме кон блиските ритки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но, око не склопив… В мугри појдов кон блиската македонско-албанска граница. Караулата беше на неколку стотини метри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Некои летаа кон блиската тврдина на ридот, преку реката, а други продолжуваа кон Дрвениот мост, кон класичното здание на Театарот, со кој овде меѓу двете војни се посади Европа, макар и со задоцнет бароктен стил, со статуи и маски, кои контрастираа на соседните градби од отоманските времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)