кон (предл.) - битолски (прид.)

„Да ми бидите среќни и радосни за век и веков мили мои!“ и продолжи понатаму, додека Томаица и Петар со поклон и благодарност го поздравија и продолжија бавно да чекорат кон битолското корзо и нивната заедничка иднина која ќе трае уште повеќе од половина век.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кочијата, во која покрај ковчегот имаше уште четворица мажи и, една жена, мајката на умреното, се упати по Пазарџиски Пат, тогаш во тие оддамнежни времиња, сѐ уште неразгазен, кон Прилеп, но кај Алило, после се дозна за тоа, скршнала десно, кон Битолско Џаде и по него, по Битоско Џаде, го однесле малечкото во Битола и таму, на тамношните христијански гробишта, го закопале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)