кон (предл.) - филм (имн.)

41 Пјер Енкал НАСЛЕДСТВОТО НА ПОРОКОТ, ИЛИ КРАЈ НА ВЕКОТ (ИЛИ: ЗА НАЦИОНАЛНОТО КАЈ КОСМОПОЛИТИТЕ) (кон филмот “Уговорот на Цртачот”) Џиновските маси од коса, вистинска или лажна, прекумерните кадрици, алиштата со исклучителна белина, огромните набори околу рацете, нозете или вратот, пердувите и перлите, брокатот и чипката, лентите и ширитите, повеќе украси отколку облека, повеќе богатство отколку украси, претрупаност повеќе од ред; па потоа завеси, кадифе, свила, лентички за коса и карнери: целиот тој наметлив сјај и шаренилото на декорот делумно се придушени со неколкуте бледи лица, зајадливи, со ситни очи и зли усти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А секој филм што го работам е есеј кој го има за цел достигну­вањето на тој специфичен приод кон филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Набавувајќи прототипови на магнетофон и полароид, Ворхол беше неуморен во нивното користење.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот воајеризам при пристапот кон филмот се манифестира на повеќе начини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Инаку, идејата за постерите е следна (и во следниот број ќе имате еден): треба да се испечатат 100 (сто комада) различни постери, за секоја фил­мска година по еден, а постерите би ги правела цела екипа на (пост?) модер­ни урбани типчиња кои треба да поседуваат само три работи: ликовна култура,qубов кон филмот и идеја.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сепак, за гледачките, ироничната реакција кон филмот не е предодредена и неизбежна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тука се работи за комплексна игра на идентитетот и на различноста, осцилирачка иронична двојност – истиот оној вид на иронична двојност што му е суштинска на камп-сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може ли некој да се сомнева дека тие гледишта, со нивниот, во основа, документарен однос кон филмот и кон неговото навидум сериозно претставување на важни социолошки и психолошки проблеми, може да произлезат од нешто друго освен од хетеросексуална култура, без оглед на сексуалноста на поединците што ги напишале тие забелешки?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа истовремена коинцидентност на страсната внесеност и на отуѓената збунетост, толку типична за машката геј-култура, е она што ја структурира реакцијата на геј-мажите кон сценава. ‌Се разбира, немам намера да имплицирам дека не може и жените да имаат иронична и оддалечена перспектива кон Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту во еден миг не претпоставувам дека нивниот однос кон филмот е суден да биде и да си остане однос на неквалификувана ревност, на некритичка, буквална идентификација и гледање во огледало, небаре не се способни да внесат во филмот сопствен камп-сензибилитет.301 Она што го велам е просто дека нивниот однос кон филмот не е нужно, неминовно ироничен; понатаму, филмот силно им ја поттикнува неироничната идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само откако ќе мине извесно време и ќе настапи соодветна промена на вкусот или на модата, на многу жени им станува полесно и речиси неодоливо да не го сфаќаат филмот направо, онака како што геј-мажите никогаш не можеле да го сфатат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А како што одминува времето, некои жени може и да си дозволат да се подучуваат за динамиката на гледачката иронија и за играта на идентификациите/деидентификациите преку гледачките практики на геј-мажите, кои од неодамна станале толку пробивни и толку нашироко привлечни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Хауард Хокс го снима Хатари (Hatarri), тој задо­волува двојна страст: кон ловот и кон филмот; Алфред Хичкок трепери само за филмот и многу добро ја изразува таа страст кога одговара на еден морализаторски напад врз Прозорец во дворот: „Ништо не би можело да ме спречи да го снимам тој филм, бидејќи мојата љубов кон филмот е појака од било кој морал”. (...) Ако навистина сакаме, во времето на Ингмар Бергман, да ја прифатиме идејата дека филмот не е инфериорен во однос на книжевноста, верувам дека Хичкок би требало да се вклучи - но, всушност, зошто да се вклучи?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)