кон (предл.) - уништување (имн.)

Ова, со сета строгост, одново се враќа кон уништувањето на поимот „знак“ и целата негова логика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доколку се работи за поинтелигентни или пак дури и ингениозни умови, водите на софистицираниот криминал ги водат до некои повитални точки на системот но - каков парадокс -наместо овие Робин Худови и Џеси Џејмсови да се прифатат кон уништување на виталните точки, тие бидуваат асимилирани од истите и веќе ги гледате овие умни криминалци како ревносно му служат на системот и спремни се да тероризираат уште повеќе од моделите на нивниот младешки гнев, моделите против кои и тргнале по патот на тероризмот...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овие сили главно се насочени кон уништување на најголемиот дел од нивните можности.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Исто така, некој чуден старец, со раширена бела брада, залутал до мостот и, со глас што се чинело како да доаѓа од длабочината на пештера, го предупредил Даниел дека ни неговите потпори, ниту неговото вешто ѕидарство, ни неговиот специјално измешан малтер нема да можат да опстојат на злата сила, која била насочена кон уништување на неговиот мост и која претходно уништила два други моста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)