кон (предл.) - улица (имн.)

Виенските акционисти беа меѓу првите што ги злоупотребуваа телата за да го пречекорат јазикот и да ја интензивираат пораката. 1962 г. Hermann Nitsch се врзува за ѕид како да е распнат, а врз него е фрлена крв од јагне. Otto Muhl и неговите соработници ги обесчестуваат своите тела во една хаотична, оргијастична инсценација, со цел да ослободат одредени табуа и да го ослободат поединецот од репресијата на буржуаското општество. Rudolf Schwarckogler создава серии ин­сце­нирани фотографии на коишто телата на различни начини се рануваат, бандажираат и уништуваат со струјни удари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Врз него влијаела работата на Ив Клајн (Yves Klein), посебно Уметникот на просторот се фрла во празнина Маргина 37 19 (1960) - една „фикшн“ фотографија на Хари Шунк (Shunk) на која Клајн се фрла во празно кон улицата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Појде кон надворешната порта, отворена кон улицата, кон реката, кон големите тополи, кон Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти ја голицкам омразата кон ѕидовите, ти ја обновувам љубовта кон улиците. А кој си ти?“
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тогаш се сврте кон улицата и малку веднат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од обувките.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еден ден допатува со фордот до експрес-ресторанот, се паркираше, ја отвори вратата кон улицата и посла црвен ќилим преку плочникот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, Грејвс само ја изеде плескавицата, ја плати сметката, се врати до колата, го замота ќилимот и замина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги извади од него сите седишта и внатре стави маса и столови, така што автомобилот изгледаше како мала наместена соба, со книги, вазна со цвеќе и сето останато.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш се сврти кон улицата и малку наведнат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од кондурите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога маштеа ѝ повторно ја извика, се завртев и налутено појдов кон улицата, без увереност на независен човек како што се чувствував само во оваа темна задушност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога заврши и последната точка, бездомниците и јас се најдовме пред циркусот и продолживме кон улицата заедно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Агентот го фати накадреното галениче за рака и го поведе со себе кон улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Над Водно се таложеше сив облак, голема црна мачка што полека лази кон улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Веќе чекорев по патчето кон улицата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Застанав на прозорецот на кој што немаше завеса и заклучив дека имам поглед кон улицата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На 1 мај, петокот утрото, тој, убаво дотеран, со паларија на главата и чанта в раце излегол од својот дом и се упатил кон улицата “Сабри паша“, каде што се наоѓала телеграфската станица.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Татко ми сѐ понеспокојно погледнуваше кон улицата од каде што, обично, доаѓаше мама од работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас стоев скаменета, потресена и со страв погледнував кон улицата, да не дојдат Ели и Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Влегов во зградата, се качив на спратот, заѕвонив на вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав низ прозорецот кон улицата, или пак во одразот на својот лик во прозорското стакло, и си ги повторував зборовите на мама: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро видов дека Цецилија ги има отворено ширум прозорците – беше едно од оние ретки утра во тоа лето кога дуваше ветре - и завесите излегуваа надвор, како бели крилја се пружаа кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа долго седевме и гледавме кон улицата, низ решетките на балконската ограда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа пролет и тоа лето седев сама на балконот, и повеќе не гледав кон улицата, туку во празниот стол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш мајка имаше забелешка за секој кој ќе поминеше по улицата; сега гледаше со отсутен поглед и молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седевме и гледавме кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паралелни животни приказни внесуваат во себе, во луѓето со кои живеат, во луѓето со кои се среќаваат, па дури и во луѓето со кои само се разминуваат: некои од нив се уверени дека жената која погледнува низ прозорецот кон улицата по која токму тогаш тие врват, им смислува некој подол план; други – дека таа секој ден љубовно мисли на нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Гладна сум,“ рече. „Тукушто ручавме,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И дури многу подоцна, кога беше доцна за сѐ, ги сфатив тие зборови: изговарајќи ми ги мене, кажувајќи ги за моето постоење, таа всушност сакаше да си каже и на самата себе: “Ќе беше подобро да не се родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Есента, кога времето залади, го прибрав мојот стол, а столот на мајка остана надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во светлината на прозорецот од спротивната страна на улицата тој гледа жена свртена со грб кон улицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Грчот што ме беше стегнал во моментот кога Ана (кога Маргарита) почна да се качува по скалите кон коишто мене пристапот ми беше забранет, почна нагло да попушта под дејството на некаква сонлива малаксаност, пред статуата од бавни скали; одбив да мислам, доволно ми беше да знам дека и понатаму ја гледам, дека црвената чанта се качува кон улицата, дека со секој чекор црната коса ѝ потреперува врз рамениците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со благо допрени дланки на завесата, гледајќи кон улицата, зборуваше тивко, речиси нечујно: „Сакав да бидам некаде, да отпатувам во свет во кој ќе бидам сама со себе, сама во себе. Тоа сакање сега е попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој запали друга ламба и, со свиениот грб, тргна бавно напред по стрмните и излижани скали и низ малото ходниче го воведе во една соба која не гледаше кон улицата, туку кон еден поплочен двор и шума од оџаци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ете сум, возам низ германско село (тоа беше за време на окупацијата) а таму некој сликар имаше поставено штафелај, точно кон улицата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Голем прозорец гледа кон улицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И тоа токму широкиот двокрилен прозорец од одајчето што гледаше кон улицата, и преку улицата, во дворот на спротивната куќа каде што никој не живееше.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Му ги покажа со поткревање на главата двата прозорци на аголот над авлијата, едниот што гледаше кон улицата и другиот кон дворот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Избра маса така што низ стакларникот имаше преглед кон улицата, но подлабоко во кафеаната за да не може да биде виден однадвор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
В десно, кон улицата, имаше прозорче.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нишајќи се, тргна по скалилата кон улицата. Градот беше мрачен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Издвоен од слушателите на преносот, мирно гледаше низ излогот од кафеаната кон улицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Погледна кон улицата и за последен пат ја виде својата љубена претворена во топка сало како со огромна брзина се тркала некаде далеку.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со неа ретко се гледаме, иако можеби нашите мајки, барем така насетував, посакуваа да се дружиме почесто, бидејќи тие двете се неразделни другарки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постојано гледаше кон улицата што врти десно од „Лондон” и како да очекуваше некого да види.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)