кон (предл.) - толпа (имн.)

Меѓутоа, ослободени од потчинеста кон толпата и станувајќи уметност - тие гестови лебдеат помеѓу два моќни магнети, а тоа лебдеење, толку тешко остварливо и толку ефемерно, пак се одлепува од интелектуалната рефлексија и нѐ враќа кон скудните, понекогаш срамни, но сепак фундаментални поими, како глад, збудаленост и, секако, љубов.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја носеше истата горчливост и презир кон толпата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дејв се сврте кон толпата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Разбра? - праша некого Чауле. – Сите настани можат да се сфатат кога постои желба да им се пријде на работите со чесни намери - заклучи со добродушна насмевка тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Насобраниот народ е возбуден од глетката, од тоа вревење, прпелкање, од бесот и очајот на лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И останатите луди се вознемируваат, некои му се придружуваат на старецот во урлањето кон толпата, други почнуваат да трчаат в место, трети се превртуваат по земјата, некој се смее испуштајќи звук како крескање на птица, некој се чеша од стапалата до главата и назад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред толпата скока мало војниче во старо шинелче и со накривена капа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кон толпата оди подофицер. - Зашто не ме поздравуваш? - му се нафрлува подофицерот на војничето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)