кон (предл.) - судбина (имн.)

Во последниот став на обредот играта е загубена ако Ана (ако Маргарита) ја фати врската Лињ д’Со или ако веднаш излезе на улица; веднаш, еве сега, бидејќи на таа станица и ги нема бескрајните ходници на коишто обично налетувам, туку скалите брзо водат кон целта, кон одредиштето како што велат во средствата на јавниот превоз, а на некои јазици - и кон судбината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рамнодушна кон судбината, и по физичкото истурање врз сето она што на било кој начин го скицираше насоченото живеење, го чувствував сè позасилено трескавичниот копнеж: да се отклучи скриената порака на мрачните лавиринти на потсвеста.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Даниел се движеше со голема брзина во својата сопствена орбита, една во универзумот на другите, сите јуреа кон дестинациите и кон судбините што не беа нивни избор.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од Бабела се учи на природен пристап кон судбината на луѓето како јунаци на раскажното дејство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)