кон (предл.) - север (имн.)

Прокопан е тунел, долг неколку километри, под нивото на неколку канали и тој е претворен во главна сообраќајница на излезните магистрали од Амстердам кон север и југ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа била информацијата за намерата на Германците да се повлечат од Балканот, да прекинат и да ги намалат своите загуби и да се повлечат кон север на погодна за одбрана линија на фронтот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Илиќ сметал дека во случај оваа маршрута да биде прекината Германците би биле присилени да ја употребат, во поголем дел Вардарската долина и на тој начин нивното уништување би било полесно и повлекувањето кон север невозможно.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Главната цел на силниот германски отпор јужно од Прилеп била да ја држи отворена маршрутата Битола-Кичево кон север.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како што известува Еванс бил присилуван да зборува но одбил и побарал дозвола понатаму да не присуствува на такви состаноци што му било одобрено од потполковникот Едмондс.335 Членот на британската мисија Едмондс сметал дека за британските мисии било важно Киро Георгиевски да “формира борбена сила во областа Преспа“, а не само да “испраќа регрути кон север.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на тоа Светозар Вукмановиќ-Темпо одлучил да го одложи патувањето кон север и да се врати во Црвена Вода „со сите луѓе кои што можеше да ги собере“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Токму во деновите кога на територијата на Македонија се одвивала германско-балистичката офанзива на 20 октомври 1943 во Пиерија (Грција) била спуштена мисијата Persecerance, при мисијата Lapworth, со цел да продолжи кон север во придружба на грчките партизани и да воспостави контакт со македонските партизани на територија на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британските планери предвидувале дека доколку Германците го започнат своето повлекување главниот правец би бил кон север и би оддел по Вардарската Долина и по железничката пруга Белград-Солун.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Жеравите што прелетуваат од југ кон север носат убаво време, носат први вести за враќањето на пролетта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му олесна малку кога и тој очаен крик замре кон север.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Над Гогов Валог прелетуваа жерави. Каде? Кон север или кон југ?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму ноќевале, а потоа пак кон север, кон Козјак. Со нив бил и генерал Апостолски, знаеш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од ова место кон север се отвораше нов видик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И се упатиле кон север. Има таму некаде, зад оние сини ридишта некое село. Лаки се вика.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крикот доаѓаше од југ, се засилуваше, се разнесе ниско над колибата и полека, полека замре кон север.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Орелска Чука? - едновремено прашаа Денко и Елена. - Тоа е оној врв, еееј! Сиот е од карпи, - покажа Бојан кон север.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Освен тоа, на Византија ѝ помагаа да ги држи Македонците во послушност и џадињата или друмиштата што се направени за воени потреби уште од Римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т.е. од Белото Море кон Јадранот и од југ кон север крај Вардар, т.е. од Белото Море кон Дунавот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почувствува како некоја внатрешна сила ја влече за раце, едната кон југот, другата кон северот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рене, млад лекар којшто порано често сецирал, патуваше низ југот на Германија кон север.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Несвесно се сврте од автобуската станица и заскита во лавиринтот на Лондон, најнапред кон југ, потоа кон исток, потоа кон север, талкајќи низ непознатите улици и не грижејќи се во кој правец оди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко стана, ја помилува, ја гушна. Татковиот поглед патуваше со реката, кон север, по патот на јагулите, за кој не сакаше да ѝ говори на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе одиме кон север! – Зар подалеку од нашите, од куќата, од земјата? – Ние таму повеќе ништо немаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Патот првин водеше кон север, кон Скопје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Живеат воздишки од крв, пламени јазици, уплашени коњи, руди во редок камен, елени што итаат кон север, зборови светли, улици свртени во темно, возови со лузни, темјанушки и оси во Книгата на смртта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Но, атавистички внесен во патот на јагулите, небаре под диктатот на божјото претсказание што беше впишано во патот на јагулите и претскажувањето на Игора Лозински, Татко, во еден период беше решен да оди кон север, да го следи патот на јагулите, колку што тоа беше можно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, патот на јагулите кон север кон морињата, низ кои беше можен излезот со саканото враќање, зависеше од новите историски настани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сети се на топлите денови. Спарни тешки денови кога ги милуваме телата со малку зборови на испотените усни . . . или, се сеќаваш ли како ја креваше главата кон Северот, чекајќи го студениот бран.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа беше како некоја погребна процесија. Но бесна процесија, во трк, со разбушавена коса, што подвриснува, настрвена кон север на некаква си церемонија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноќниот воз, во оган и бес истрелан низ шините, се издигна и исчезна над студената земја кон север, оставајќи црн чад и пареа за да се растопи во застоениот воздух, неколку мига откако мина и замина засекогаш. 90
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во него Влахов протестирал „до грчкиот Претседател на владата“, кој „по вторпат ги обнародува грчките намери да ја прошири грчката територија кон север поради безбедносни причини“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст се цитира текстот на Влахов каде што тој истакнува дека "Вардарска Македонија, која влезе како федерална единица во новата федерација, демократска Југославија, како и Пиринска Македонија, во рамките на, сега, демократска Бугарија, не само што не ги загрозува безбедноста и интересите на Грција, напротив, таа подава широко отворени раце за соработка кон сите мирољубиви демократски народи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со клучот, што толку денови цврсто го држеше ДАГ, се отвори вратата кон север.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)