кон (предл.) - противник (имн.)

Се исправи, сиот свртен кон противникот, кон неговиот глас: „Зошто ме навредувате? Ваша жена ли милував?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога артилерците ги свртеа цевките на своите топови кон противникот, останаа зачудени: во секоја цевка - маслинова гранка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)