кон (предл.) - простор (имн.)

Под од плочки, висечки таван и слична “униформност” придонесуваа за конфузија на пациентот во воспоставувањето однос кон просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бојс начна фундаментални прашања во врска со современата политичка и економска реалност: тој го изрази неговото револуционерно мислење за трудот, економијата, индивидуалноста, креативноста како социо-економска револуција, и исто така размислувања за екологијата и мултикултурализмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секое поединечно дело на Бојс има одреден однос со телото, со сите сетила на индивидуата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од самиот почеток јас многу малку менував во поставката; некои од скулптурите сепак морав да ги адаптирам кон просторот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Патот Татко и Камилски ги водеше кон просторот на некогашното Еврејско Маало.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледна и кон просторот, каде што можел да биде стариот антички град Скупи, разурнат од катастрофален земјотрес, пред илјада и деветстотини години, за да се повторува секои петстотини години.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се најдоа чекорејќи крај левиот брег на реката пред белото, прекрасно здание на Театарот, со мал цветен парк изграден пред војната во псевдокласичен стил, небаре пресаден од Виена или Париз, се најдоа во срцето на некогашното Еврејско Маало (на сефардски la male).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)