кон (предл.) - предмет (имн.)

Расказот Грев би можел да се вика Чевли, според предметот, но авторот го крстил според своето христијанско сочувство кон сите нешта, па и кон предметите кои верно ни служат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа имплицира истенчена чувствителност, повисок естетски усет, особена чувствителност за стилот и за модата, нестандарден однос кон предметите од главнотековната култура, отфрлање на обичните вкусови, како и критички поглед кон стрејт- светот и некоја заедничка колективна, но, сепак, посебна визија за она што навистина е битно во животот.8
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во неколку изборни единици, како што е бр. 87 (која ги опфаќа окрузите Бери и Јонија во Западноцентрален Мичиген), каков став да се заземе кон предметот стана средишно политичко прашање на републиканските внатрепартиски избори за пратеници од државата.29
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во целосната, несебична задлабоченост во бочно прилепените куќи од осумнаесеттиот век или во музичкиот театар или во сувенирите од Џоан Крафорд – во сите тие „исечоци, кутии цигари, ретки стари фотографии, писма, филмски ролни и колажни споменари“ во збирката на Нил Мачијевски (како што е опишана во списанието Аут травелер) – некои геј-мажи можеби гледаат можности за доживување силен занес каков што самата сексуалност, од која и да е причина, не им го овозможува и не може да им го овозможи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фелоус прекрасно го доловува оној вид неиронична, религиозна посветеност што е карактеристична за некои машки геј-културни практики – посветеност што не е ни отворено кампеста ниту имплицитно сексуална, што никако не упатува на гејството и што повеќе има врска со целосната, сериозна, духовна внесеност во естетскиот предмет, кој се почитува и самиот по себе како апсолутна вредност и како бегство од сопственото јас, вклучително и од сопствениот сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како дете од стоунволската ера, сакам да му се опрам на отсексувањето на машката геј-култура, дури и ако еден од резултатите на мојата пристрасност биде тоа што можеби нема праведно да се осврнам на страсниот, бессексен, неироничен обожавателски жар што оди со речиси религиозната посветеност на некои геј-мажи кон предмети со несексуална убавина и кој таквата посветеност ја озарува со аура на несебичност, аскетство и духовност.363 Буквалниот, искрен, некампски и дееротизирачки напор да се загуби себството во естетскиот предмет и да се надмине сопственото гејство во тој процес јасно е важна димензија на културните практики на некои геј-мажи. (Други геј-мажи можеби чувствуваат дека таквите искуства на опојна занесеност во несексуалните предмети, всушност, ги прави понастрани.) Во секој случај, ваквиот бессексен естетизам не е нешто што сум го нагласувал, бидејќи мене ми изгледа дека укажува на одредено отфрлање на гејството, одбивање на хомосексуалната особеност, бегство и од геј-идентитетот и од геј-сексуалноста.364 Повеќе сакам да ги разгледувам оние културни практики што свесно упатуваат на хомосексуалноста, исто како што повеќе сакам да ги истражувам оние машки геј-изрази на страсна посветеност на културен предмет и оние искуства на занесна восхитеност од неа што откриваат некаква иронична самосвест и што себе не се доживуваат сосема направо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во целава книга согледбите за машката геј-култура си ги врзував со разни теми од машката геј-еротичност и со околностите во кои геј-мажите се издигнуваат до субјективните искуства на желбата и на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да ја осознаете докрај мистеријата на хомосексуалната привлечност, вниманието морате да си го сосредоточите кон предметот на својата желба во нејзината најцелосна контекстуална оствареност, во нејзината целосна општествена конкретност, во нејзината особена општествена систематичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто невозможниот, а совршен предмет побудува еден мошне особен вид желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Екстатичната практика на еротскиот восхит, во комбинација со очајот по сексуално задоволство, создава посебен однос кон предметите по кои се копнее што е карактеристичен за машката геј-култура: однос на страсно, но оддалечено созерцание, кое истовремено е и критичко и идеалистичко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приврзаност кон предметите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)