кон (предл.) - плоштад (имн.)

Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потем, погледот го упати кон плоштадот и кон Офицерскиот дом, на чие место некогаш се наоѓала познатата Бурмали-џамија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одевме во ист правец, но тие одеа брзо, и јас се поттргнав, се залепив до ѕидот на една куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излезе на улица. Сакаше да тргне кон плоштадот. Дома не ѝ се одеше...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)