кон (предл.) - пат (имн.)

— Каде вака, бре комито, со торбите? — му се фрли онбашијата и нареди да се симнат и претресат торбите и самиот Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа кон патот каде што лаеја пците. Не помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира на самарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Големиот булевар што води за Књажево и кон патот за Ќустендил, потоа кон Скопје, е „булевар на розите“, а кога цутат, миризмата пријатно опива.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Плажата е долга, колку и целиот град, па дури се протега и кон патот за Стратоники, кон Атос.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но овој пат води и кон патот на мртвите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
“Доаѓа генералот,” рече тој покажувајќи долу кон патот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нивната куќа во Маказар е урната, заправо едната половина ја нема, а другата е заодена ееееј, натаму, кон патот, и виси како навален прашалник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој се заврте кон Луција, завергла со клучот и со силна гас спрашти кон патот; ќе го искршеше џипот од брзина по дупките; излезе од споредниот на главниот пат и спрашти кон Велес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Штом ќе се чуеше езанот од минарето, повикот за клањање, и штом муезинот ќе го кажеше она „Господ е голем”, Неби-ага паѓаше на коленици врз своето чергиче и почнуваше да клања во правец на Кибла, или кон патот за Мека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Им даде знак на војниците и тие се качија на покривот, ги расфрлаа ќерамидите, ја откорнаа чатијата и почнаа да го рушат ѕидот кон патот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па, еве прилог кон патот поплочан со добри намери.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Убеден е дека е жртва на некој тамошен волшебник кој му ја продал ќерка си за само 10 долари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој и не сонува дека овдешните сили на доброто со танталовски маки успеаја да го повратат кон патот на светлината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И целата историја на психоанализата се занимава со разоткривање на механизмите што го наведуваат поединецот кон патот на автодеструкција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гледаме: кон патот, кон потокот, ливадите, шумичката, селото, но нигде ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потпрен е до дрвото и постојано се вѕира кон патот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се упати кон долниот дел од градот, кон патот што води кон планината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во дворот од училиштето војниците на „Велика Б’лгарија“ го чистеа оружјето и погледнуваа кон патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)