кон (предл.) - остров (имн.)

Ќе да е вистина дека човек колку повеќе се сеќава, толку е поблизу до смртта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дури за време на летот кон морето, откривме дека во истата далечна 1960-та, и двајцата, како деца, сме летувале во Л., и дека таа, токму тогаш научила да плива. – Се сеќаваш ли...се испрашувавме и натаму, пловејќи на бродот од Сплит кон островот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А ако минатото се повторува во иднината, дали некогаш луѓето пак ќе имаат опашки и дали преку викенд среќно ќе врткаат со нив како што денеска им вртат пропелерите на глисерите кинисани кон островот Сан Микеле во Венеција, на пример?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)