кон (предл.) - небо (имн.)

Острите високи карпи издадени кон небото чиниш го допираат, а низ нив е сончевиот зрак, наутро, за прв пат, прецизно паѓа точно во полето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Погледна уште еднаш кон небото, никако да му се разбистри мислата како во утрината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А козите... ќе се спасат само ако летнат кон небото... Тие и без тоа ќе завршат во небото. Немаат друг пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На крајот – козите сигурно ќе летаат кон небото. Немаше друг излез!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А козарите, загледани во ноќниот танц на ѕвездите, охрабрени од земските сокови на последните тревки што ги брстеше козичката, погледнаа кон небото, небаре ги молеа божествата да ја одржат жива храбрата козичка до блесокот на сонцето. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, и ние децата, со среќната мајка и нашето братче, со нашето козле, не знаевме дали летаме кон небото или нѐ задржува земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Штом ќе види насобрани луѓе, се допира до нив, се вѕирка кон небото, божем бара ѕвезди, а уште ги напрега за да чуе нешто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Долго гледаше на онаа страна, кон Рамни Ливади, а потоа ги крена очите кон небото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега со години талка сам низ полето и ги собира стакленцата од очилата на детето некогаш што седеше во првата клупа и кое најубаво ја кажуваше песната: кога е војна – секое дете е јаболко расечено на две половини кон земјата зелена кон небото – црвена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Застаната пред затворената порта, со патерицата сѐ уште под левата мишка, ги потокми трите прста од десната рака и, носејќи ги кон челото, ја крена главата упатувајќи го погледот кон небото по што се прекрсти.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имаше излез. На прагот од Атеистичкиот музеј, моите очи се упатија кон Небото...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да имав малку повеќе храброст и да ги чував подотворени очите, мислам оти и вистински ќе ги видев криковите на птиците што ги спомнав, а и тоа приближување кон небото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кузман почна да се пресвиткува, темето скоро му се состави со грбот, шашливите очи набабруваа кон небото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѓубрето почна да се крева нагоре, кон небото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Зелените ливади зад кои се протегаа шуми беа од трите страни на селото, а од четвртата високо кон небо се издигаа големи карпи и цело едно брдо без никаква вегетација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во тој расказ аргатската врзаност за земјата и летот на душата кон небото дадени се со ретка експресивност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исплашени од рикот и од баботот на копитата, првин орлите летнаа од стените и пркнаа кон небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога зборуваше, ми се чинеше дека од неговиот здив и од неговата уста излегуваат ќумиња: јамајлии, алаџи, шрапкалии, боцки, паралкалии, палови, батаци, чакали, арапи, гушајлии, шешки и лепезани, дунеци и чилови излегуваа и со радост и лепет кон небото тргнуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во еден миг, сестра Ангелина очите кон небото ги крена и со глас оскрбен изусти, о, Боже, и исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И на Реџов му е јасно колку е несигурна верата од која само во крајна нужда се бара спас, како во расказот Судниот ден, кој впечатливо зборува за големата суша и за молежливите погледи кон небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ете тоа, можеби, најмногу придонесе да се сетам на романот „Црвениот петел лета кон небото“ на Миодраг Булатовиќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Отсуството на поглед кон небото, или на било какво парче ’надвор’, прениската или превисоката температура внатре (лете во нив си носеше џемпер) и немузикалниот човечки џагор помешан со онаа посебна, безлична музика за шопинг, ѝ создаваше чувство на очај.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Му остана длабоко во него овој свртен кон небото поглед на воденесто-вкочанетите очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми покажува нешто кон небото. Кон едно развласено облаче, плукнато над ливадите Баѕернички. Гледам јас кон небото, па гледам во Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Нашите патишта повеќе водат кон небото, велам, отколку кон било кој крај на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот е секогаш свртен кон небото, вели и го одврзува конецот од урката. Зема кибрит да го пали. 148
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така полето, во Дрмине, си отвора нова врата кон небото и сонцето којзнае по колку години, а може и векови, одново згазува на земјата. На голата земја, покриена само со сенки, со темница и со влага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние само се опуливме кон тоа дупката, кон раскопаното и после нагоре кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наалкувам една пушка со крената цевка кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Џандарите ги кренале пушките и Давиде Недолетниот, навистина, се кренал кон небото, летнал. Се изгубил в облаци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Давиде Недолетниот видел риба што изрипала од реката и полетала кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го кланца крај увото и пак го крева кон небото. Го ѕирка на едно око.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со брзи удари неговото срце го отчукувало крајот на вечно несвршените неспогодби меѓу нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прочуло: џинот од Кукулино бил виден со крвава брада и со конци пресно месо меѓу забите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Ќе замавне оддолу кон небото, човекот не се распорува поинаку.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крилат ангел со благослов кон небо летна. * * * Денеска е последниот ден од мојот досегашен живот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кликнува во тебе, се отвораат твоите слабости гради и од нив кон небото излетува чудесна птица, со златни перје.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нивните дисхармонични крици, кога ловот е завршен, и големите туни се предадени на смртта, се претвараа во некаква песна на победата, во еден хор на лудило, во една химна на апсурдот, со погледи упатени кон небото, во знак на благодарност кон овој дар од небото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На земјата постоел дотогаш само еден јазик и исти зборови, но гордоста на луѓето ќе ги води кон Небото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Занесени во маалото тврдеа дека ги виделе козите со нивниот козар Чанга како летале кон небото, други дека завршиле курбан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа ќе сме и пак, јасно да ни е, никој од нас не ќе наврти кула кон небото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во истиот момент еден човек облечен во црн костум, како за концерт, се појави од една странична уличка и потрча кон Винстон, покажувајќи возбудено кон небото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја крена главата кон небото и почна нешто да мрмори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Според легендата која потем се создаваше, откако режимот, и по сите рации, потпомогнат со полициски сили од северната братска федеративна република, не успеа да ги пронајде и да ги уништи овие кози, тие за нас навистина останаа неуништливи, а со нив и нашите три славни кози: Сталинка, на која и по падот на сталинизмот кај нас не ѝ го променивме името, потоа Грда и Слободанка, како да одлетаа кон небото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка зачудено гледаше во Куранот, па во Татко, а, на крајот, погледна кон небото, од отворениот прозорец на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во таа синевина беше содржан летот кон небото, сите наши бегства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А стеблото оголено уште кон небото ја колне подмолноста на болката што ја дебне убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Лежејќи тој чиниш птица со премалени крилја ниту да прелетне ниту да летне ни глас да пушти кон небото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се молевме кон небото – а гласот ни беше тежок И паѓаше пак долу на земјата За да не нѐ чуе ништо зашто немаше кој да нѐ чуе.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ние сме деца на пожарот и оганот – ние ја носиме душата на Човекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во црна блуза со деколте, припиени црни хеланки и сребрени сандали со високи пластични потпетици, пушејќи долг Davidoff, се прошета до стаклениот ѕид и таму, издишувајќи облаче чад го проследи вивнувањето на еден авион кон небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, тие трчаа, ги вртеа лицата кон небото, чувствувајќи го сонцето на образите како жешка греалка; ги соблекуваа палтенцата и ги ширеа рачињата на сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Погледна кон небото што се темнееше од бурата. Погледна во брзата река. Го почувствува асфалтот под чевлите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се креваат од земјата, се искачуваат кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќерамидите скокаат кон небото, како некој со рака да ги фрла нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цветан гледа кон небото и го толкува времето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чини дека уште само кон небото ни е отворен патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пареата од устите им се крева кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои жужлиња веќе ми дошле в уши и дрвото, над нас, ми полетува кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислиш некоја бура, некоја црна виулица се собира да се крене кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите ни се широко отворени кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дрвјата не ти го пуштаат погледот ни кон планините, ни кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот брадата кон небо ја вивнува, ја скокотнува месечината - месечината кивнува.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога на небото се покажа српот на месечината, тој го подигна момчето и, држејќи го во своите прегратки, тргна низ огромната гробница и кога само миг, без да го прекине растреперениот чекор, погледна кон небото, тогаш му се пристори дека и ѕвездите патуваат со него...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вдлабочена во срцата, го буди споменот, вивнува кон небото, чиниш ќе ги допре ѕвездите и плавно се разлева.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не верував дека ќе ми се појави повторно како дете во долината која претскажуваше најубава претстава а ладни женски тела пловеа со своите кораби кон небото на детските соништа.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)