кон (предл.) - куп (имн.)

- потфрлува трет и ја фрла бомбата кон купот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секоја од нив е однапред благословена и предназначена за некого: која за паша, која за валија, мудур, заптија или кој и да било друг турски изедник.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Оди ваму, дедо, стој овде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дедото го одведоа неколку чекори налево, го свртеа, го оставија со грбот кон купот од земја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие креваа камења од купот што ги растовари мустаклијата дојден со ѕевгар волови, и ги пренесуваа кон купот крај камбаната, од каде ги поземаа ѕидарите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На Ѓурѓовден заклале со благословен и пренаточен срп криворог брав на прагот на великолепната воденица, не помала од онаа на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од зад карпите крескала сојка и го предупредувала жолтоклунецот; или повикувала гаврани на гозба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косот сепак ја разбрал и пркнал безгласно кон куп танкостебли дрвја; во окото му се топело грутче сончево злато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живи или нивните глави, таа е твоја работа. – Разбравте ли синови на пророкот! – се провикна кон купот кадијата, а Суљо му направи длабоко темане, слезе меѓу сеј мените и го јавна црниот арапски ат што му го подари лично падишахот и тргна напред низ широката порта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата тргна кон купот деца и му рече на фурнаџијата да ги носи ѓевреците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)