кон (предл.) - колено (имн.)

Кога на Александар би му било така многу жал, можеби малку би смекнал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакам да го видам Дејан како рипнува од ужасната глетка - јас со големи очи, потечена во образите, со огромна црвена дамка сред лицето и поглед кон коленото ­- како ги отвора ширум очите и устата и ме носи кај сестрите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)