кон (предл.) - историја (имн.)

Тој постепено си ја возобновил способноста за одење, со помош на стап.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Продолжувајќи ги своите студии на универзитетот во Виена, од физика се свртува кон историја, поради досада се враќа на физика, повторно умира од досада, и конечно се задомува во философијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас имам многу помалку суреден однос кон историјата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем направи една подолга драмска пауза, зазеде една особено смешна, надуена поза и продолжи: „Марксистичката револуција го разурна целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги носеше и ги читаше светите книги Библијата, Коранот и Талмудот, верувајќи во нивната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бастилја на револуциите и умирањата, по големите моменти на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само модрозеленикавата Сена тече рамнодушна кон историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но остана за него нешто неразјаснето, метафизичко во односот на Мајка кон историјата, кон знамињата и Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)