кон (предл.) - иднина (имн.)

Како последица на тоа, најновите текстови од Празни зборови, често немаат смисла, значење и логичност на сметка на сликовитоста на јазикот и визуелните егзибиции (достапни благодарение на совршеноста на IBM пишувачките машини).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, гледано од агол на ситуацијата во која настана и имајќи ги во вид промените кои на него ги изврши, Кејџовото дело е пример на совршена музика par exellence, музика На нашето и За нашето време. извор: Миша Савиќ, Џон Кејџ, СИЦ,1981. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 179 М еѓу писмата кои не ги фрлам кога ја прегледувам мојата пошта, во намера да отфрлам што повеќе, се и писмата кои ми ги пра­ ќа Нам Џун Пајк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, сите текстови се оптимистички, со позитивен дух и отвореност кон иднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше такво време, одредено за големи скокови кон иднината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ниту, пак, шило дупеше како што неговиот ум беше насочен кон иднината на Брезница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во дискусијата што следува, поради просторната ограниченост, ќе се концентрирам главно на оние прашања кои повторно воведуваат и генерираат алтернативни историски нивоа, значи, тие прашања се историзација на “посебните излези”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некои прашања од нивото на акција кои се ориентирани кон иднината ќе бидат опишани во примерите што ќе ги презентирам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Културата ја зачувуваат редовни, долговечни процеси на општествена репродукција кои пренесуваат конкретни обрасци на мислење и на однесување од едно на друго поколение и го консолидираат колективниот идентитет на групата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи на поединецот му се втиснуваат толку рано, на толку рана формативна возраст, тие се упорни, трајни и конститутивни за себството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ. ‌Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секоја „култура“ што не се стекнува преку примарна социјализација мора да биде релативно површна, минлива мода или навика или светоглед, а не врежан начин на суштествување и на однесување; не би била многу длабоко вкоренета во субјективниот живот на поединецот или на групата, па би било лесно да се смени и ранливо би подлежела на промени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа отелотворува имагинативна структура што му дава значење на обликот на поединечно постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Репродуцирајќи се себеси со секое ново поколение, културата го одржува идентитетот на заедницата од минатото кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгубена во бесспокој, барам... барам зачински тревки за да се смирам, чекорејќи кон иднината неизречена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Опљачкана утроба, од едно демнеење... Молкнувам...барајќи го вистинскиот пат кон иднината неизречена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Патување со кое минатото го оставам зад себе и одам кон иднината со раширени раце.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа секогаш, инстинктивно, беше свртена кон иднината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, Татко се заплетуваше во своите мисли за границите на новото време, кога и Игор Лозински, во бурната балканска ноќ по спасот на патот на јагулите, беше прогонет од оракулата на минатото свртена кон иднината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Патот недопатен, сматен, каллив, Посоката неизвесна, мрачна, кривулеста, Дали одиме кон иднината зрачна Или од некои темни во потемни места?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Заедно сме: атот, патот и сомнежот, Одиме сите кон иднината, Пред нас маглите и далечината Со нас атот, патот и сомнежот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Тоа би го дало ним, како што тие велат, вистинска држава или македонска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој нагласува дека "лидерите на Македонија се свртени кон иднината и тие се надеваат дека ќе формираат една обединета Македонија, која би се состоела од она што некогаш се викало Јужна Србија, Грчка Македонија и Бугарска Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеше-како да не, поим немаше, ама кој му е крив што се прави важен па пропушта такви необични нешта како што беше тоа што се случи вечерта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)