кон (предл.) - дедо (имн.)

- Ти, деде, не лути ни се за тоа, - се сврте докторот кон дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некакви трпки му минеa низ целото тело и тој пред неа ги ведеше очите, или пак ја завртуваше главата кон дедовците и нешто сакаше да проговори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А попот, тој прво открши еден голем леб и, свртен кон дедо ми, зборуваше, кршеше залаци, макаше од гравот и иако неговите залаци беа како пет на Килета, го преполови гравот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Напротив, - рече таа, - сега тој ми е обврска повеќе кон дедо ти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мартин знаеше кој му го прави тоа и смислуваше од страшни пострашни планови да им одмазди, но и кон деда си не беше рамнодушен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Од братучедот ми се познанијата“, вели војводата и покажува кон дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кирил скршна од патеката и прво се упати кон дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)