кон (предл.) - девојче (имн.)

Единствено бабата Перса, која многу и не ги разбираше разговорите на мајките, сфаќаше што прави песот и по малку како да му завидуваше за толкавата љубов и заштита кон девојчето, но во исто време беше и задоволна, знаејќи дека Дончо никогаш не ќе може докрај да си ја покаже силата пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако бидит к'смет да ујдисаме, пак ти мене ќе пречекаш со Катето овдека на кулата, јас ќе бидам ваш гостин, — ѝ се обрна кон девојчето: — А, Кате?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледна кон девојчињата и нивните руси косиња што се сјаеја под блескотот на светилките.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)