кон (предл.) - група (имн.)

Ете, ако е за душа, земете а и неа, — и строго погледнува кон групата чорбаџии што седи „уз колено" на авалеџијата и пуши од неговиот тутун.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поради духовна сродност кон групата „Мост” 1906 се приклучува Емил Нолде, син на фризиски селанец, кој со 39 години бил значително постар од другите, но останал член само година и пол. 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Откога ја наполни до пола вреќата со компири, зема брашно од ноќвите во другата вреќа ја наполни до пола, па така натоварен полека тргна кон групата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По четири години Лири добива место на Харвард. 1960-та тој се приклучува кон групата „истражувачи-скитници” која, предводени од антропологот и историчар Герхарт Браун, заминуваат за Мексико.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Калуѓерот го врза коњчето за портата од црквениот двор и се запати кон групата луѓе што седеа на гробовите. – Христос посреди нас, браќа! – И јест и будет, оче дуовниче – му одговори поп Јаков и сите настанаа и со ред се прекрстија пред иконата на Богородица, која калуѓерот ја симна од коњот и ја понесе в раце, па ја бакнаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓу нив е и Мишко, пристојно облечен, со куфер во рацете.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Саздо уште еднаш го удира по рамо својот пријател, се исправа и се упатува кон групата луѓе пред локомотивата.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Со развитокот на бирократско-корпоративниот капитализам се губи таа индивидуална авто­номија, владетелскиот круг на луѓе станува хетерономен: неконформизмот на протес­ тант­ската етика се заменува со насоченоста кон признавањето од страна на социјалната група, на која � припаѓа индивидуата; Идеалното Јас радикално ја менува својата содржина и некако станува „внатрешно”, се состои од исчекувањата на соодветната старосна група на околината, такашто изворот на моралното задоволство веќе не е чувството дека наспроти притисокот однадвор сме останале доследни самите на себеси и сме ја извршиле нашата должност туку повеќе чувството дека лојалноста кон групата сме ја ставиле над сето останато.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еразмо ги забрза чекорите кон групата луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Отиде до под тополите и меѓу паднатите бледожолти листови си одбра три, ги стави во нотесот и се врати кон групата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)