кон (предл.) - бескрај (имн.)

Но крајниот сон на Климент Камилски беше да создаде библиотека со ѕидови од книги, како отворени граници кон бескрајот, во потрага по излез од балканскиот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немаше правила. Заробените мисли се ослободуваа од оковите, летаа некаде кон бескрајот, итаа да ја соопштат веста за победата на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Барајќи го патот јасно го виде ликот на Томо - како заминува со другите ангели кон бескрајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Душата на Рада по оваа средба се отвори како небо. Едноставно полета кон бескрајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)