кон (предл.) - балкон (имн.)

Почувствував како ми се суши грлото. Се закашлав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Јас, инаку, тоа ви е познато, ги мразам јамболлиите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Погледна низ вратата која водеше кон балконот и рече: „Се сеќаваш - еднаш стоевме овде, на балконот, ти погледна кон тротоарот и рече: ‘Сакам што поскоро да дојде денот кога и јас онака ќе му помагам на моето дете да прооди.’“ „Се сеќавам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги наредив бомбоните во полукруг, од ѕидот откај што излегуваа кон балконот, и на балконот, до самата ограда, ги ставив најголемите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Праќаат некаква луда жена за да ја растури мојата среќа, мојот живот… (Оди кон вратата што води кон балконот, ја отвора, ја разгледува и размислува) Ете, откаде ја качиле на балконот…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)