кон (предл.) - агол (имн.)

Фрлајќи го погледот кон аголот на писмото го забележа печатот на кој пишуваше Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го остави огледалото и погледна кон аголот на собата.не, рече, јас не сум ни старец ни разбојник.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И сега Бојан посака да се истркала во сеното, но премногу работи му претстоеја, па само го опфати со поглед тоа зелено, миризливо богатство и се упати кон аголот каде што беа јаболката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја дигна косата од чело и погледна кон аголот на собата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој тоа само го виде еднаш, во детството. тој остави темни печати на еден врат. тоа ти е мојот подарок, ќе и рече и ќе погледне кон аголот на собата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И потем, како да сме се договориле, како мислите да си ги читаме, се упативме кон аглите на собата, јас во левиот, тој во десниот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)