кај (предл.) - мост (имн.)

И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За да ја прекинам таа неделотворна занесеност, занесеност што не произведуваше никаква жизнена мисла и никаква реченица што би била запишана како дел од мојата повест, станав и ги ставив во една чинија двете крилца што останаа од пилето кое го купив од домашното производство на Чанета од дуќанот кај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По малку време, сите заедно, тој и публиката, заминаа нагоре по она тесно патче што води кон погорните куќи и потоа десно кон двете продавници кај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И мажите еден по еден се оддалечуваа, доаѓаше часот кога требаше да бидат кај мостот, во продавниците, и да ја продолжат никогаш незавршената политичка кавга за овега и за онега, за националните и за либералните, за правите и за кривите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека седеа завалени во фотељите околу сниската просторна масичка пред работната маса на сопственикот во механичарската работилница „Лихнида“ во Бармптон, Канада, авторот виде дека Едо знае дека Германија загина во сообраќајна несреќа на кривината кај мостот пред да заискачуваш на Плетвар на пат за Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подгледнуваше само на часовникот и бараше да побрзаме; рече дека треба да бидеме кај мостот и тунелот пред седум и триесет, затоа што тогаш минува експресот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АНДРЕЈА: Ќе ти направат споменик кај мостот. Крал Петар на коњ, Крал Александар на коњ и Стево Андреевиќ на... коњ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И ден за ден, еден ден не ставија, нѐ составија со Јона, долу кај мостон, кај вренгијана жванска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)