кај (предл.) - другар (имн.)

Кога бев вљубена првпат, вторпат, којзнае којпат по ред (а се влубував на пола час, силно, страсно... и ми поминуваше!), и тогаш скокав до кај другарка ми за да ѝ се доверам дека, ете, пак сум вљубена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Лебот — вели Андон — не ти го пишува фурнаџијата што ќе му помогнеш на другарите да го растребите тунелот, а ако втасате побргу, може и да дупнете по некоја дупка и друга. Барут има кај другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнав да потпевнувам и да трчкарам надолу, кај другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу недели подоцна, кога почна сослушувањето, обвинетиот М. Ѓурев пред двајцата иследници неколку пати истакна дека тој интервенирал кај другарот секретар Јаким Ниновски во понеделникот, на 17 јуни, што значи дента пред да го затворат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Внатре, во кутичето, жолто блескаше мојот прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)