кај (предл.) - девојче (имн.)

Тогаш се појавуваат првите промени на телото. Кај девојчињата главно порано одошто кај момчињата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Власта постојано ја финансираше штраферската револуција и испечати тетратки со ликовите на двата најперверзни штрафери кои беа омилени кај девојчињата до 12 години.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не е тоа мочкање крв. Тоа е природна појава кај жените што се нарекува менструација и се јавува кај девојчињата во перииодот на пубертетот, па трае сѐ до доцните години на жената.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)