кај (предл.) - бајачка (имн.)

Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
(Вера кај бајачка.) БАЈАЧКАТА: Легни. (Вера легнува.) Рашири се. (Вера ги раширува нозете.) Велиш ниеднаш намерно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)