како (предл.) - во (предл.)

Како во незапирлив страв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се нафатиле солзи на трепките и го гледам како низ некоја коприна, што се вели, како во вода да ми е влезено со лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Така е, така е. – испеаја како во хор – овој е оној од лани!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама, кога нивниот господар, со своите огнени раце плесна два-трипати атмосферата се смири како во сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како во жарје да сум стапнал со стапалото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како во гумноно наше да паѓам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како во некој плот се удирам во темницата. И не гледам ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чув само како викна, како во сон чув кога викна: - Е, бре, Велико, очиве ќе ми ги извадеше. 233
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ВЕЛИКА Влегуваме во селото, а како во туѓо село да влегуваме. Зејат куќите, пондилите. Нема ништо да лавне, да мукне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)