заради (предл.) - кое (зам.)

Наеднаш почувствувал дека е позрел од сите живи и мртви од дружината што се грбавеле по поаѓањето од Кукулино, село со четириесет и три недовршени воденици на реката Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие се плашеле од сенката на измисленото чудовиште заради кое Онисифор Мечкојад му ја сечел жилата преку жолтичавото чело на богдагопрости чабавиот богоугодник и видовит човек Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)