за (предл.) - циркус (имн.)

Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Очите на Отец Симеон станаа темни и длабоки до дното на едно несфаќање. „Се спремате за циркус“, рече невесело. „Или пак тоа е наследството?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во еден град на југот на земјата просторот на една џамија бил употребен за циркус.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)