за (предл.) - утре (имн.)

Го праша Трајка што направи денеска, го фрли ли сето семе или му остана за утре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разговорот се сврши, работите за утре се распоредија, мажите ги собуја опинците, а невестата Митра ја посла рогузината, го фрли постилачето и децата се растркалкаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Околу ручек другачките го кренаа котолот и „дробните“ работи, измиени, исправни, набелени, готови за утре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За утре? - праша Шишман, зашто тогаш беше сабота.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Страхувам и да не го повикаат итно татко ми в болница, но исто така и од тоа да не рече мајка ми: - Ајде, побрзајте со вечерата, да ве легнам, зошто имам да пишувам текст за утре.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- За утре, - рече Србин, - В црква ќе се одело. Во Богородица Коленовска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Има една многу убава народна поговорка што ни го вели истото: „Денешната работа не оставај ја за утре“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)