за (предл.) - сликање (имн.)

Го одредив своето парче за сликање и поставив работна плоча пред прозорот, но и понатаму ролетните ги оставав спуштени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Овој ден е само за сликање, како порачан за сликање, рече некој, загледан кон полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На една, четворица пијат кафе, - тројца наместени за сликање со укочени торза и збунети полунасмевки.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Многу од нив сум ги видел во Сан Ремо, а малку подоцна се запознав со сите оние кои навраќаа - Ротен Рита, Мајорот, Бирди, Дачис, Силвер Џорџ, Стенли Желката и, секако, Поп Ондин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пред вратата од катедралата стојат Богдан и Марија фатени под рак; Марија во едната рака држи букет цвеќе; облечена е во невестински фустан со широки набори и тантели, стегната во половината како балерина, а на главата бел превез и венче; Богдан е во црни алишта и со бело шамиче во малото џепче; насмевнати се, весели се; крај нив се неколку машки и женски прилики и неколку дечиња раштркани и неподготвени за сликање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)