за (предл.) - пречек (имн.)

Доста со помошта на стрина Маловица, наредила дома за пречек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред Работничкиот универзитет (во тоа време - најсоодветната зграда за пречек на гости од таков политички маштаб) хорот при Културно уметничкото друштво Црвени трендафили ја исполнил песната „Јовано, Јованке“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иако домаќините сѐ уште не се приготвиле за пречек на гостите, се гледа дека има каде да ги пречекаат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде со солзи на очите му се исповедала за патот, за пречекот, за средбите со сестрите, браќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Салата во Кучешкиот пансион искитена е со разни украси за пречек на Новата 1947 година; на преден план, на чело на долгата маса, седат сопственикот Вајс и жена му Хера; од едната и од другата страна на масата седи персоналот од Пансионот; меѓу нив и Богдан.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така се покажа дека Марин Крусиќ не е неблагодарен за пречекот и дека остава повеќе одошто се очекувало од него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сигурно за да бидеме подготвени за пречек на музата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Коле нѐ построи за пречек.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)