за (предл.) - основање (имн.)

59. Овде Мисирков веројатно го има предвид пишувањето на Д.Вергун во неговото списание „Славјански вјак” [II, 62, Виена, 15 (28). II 1903.432], кој во веста за основањето на МНЛД, откако овој акт го поврзува директно со Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган „Балкански гласник” (1902), заклучува: „Програмата на овие поборници за етнографска, а не географска Македонија, страда само од тоа што се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Содружниците можат да ја донесат одлуката за зголемување на основната главнина само по усвојување на годишната сметка, според којашто друштвото нема тековни и непокриени загуби од претходните години, и по усвојувањето на извештајот на овластен ревизор со којшто се потврдуваат фактите во годишната сметка (чл. 258, ст.2sq од ЗТД). 4.  Основач на трговско друштво е секое [физичко или правно / домашно или странско] лице – кое, заради основање трговско друштво, потпишало договор за друштвото, статут, односно изјава за основање ДООЕЛ (чл. 3, ст.1, ал.37 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)