за (предл.) - секој (зам.)

Ако при решавањето за главната работа треба да се одлучи за повеќе барања, ќе се гласа за секое барање одделно (чл. 124, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред одлучувањето за главната работа судот одлучува дали е потребно да се дополни постапката, како и за други претходни прашања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уметниците се изложуваат на своевидно растројување на сетилата - на пример, Рембо, Ван Гог, Арто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Општо зборувајќи, ризикот е теориски, како некаков вид нус-производ и мазохизам инхерентен за секој креативен чин, па навистина требаше да се причекаат шеесеттите и почетокот на седумдесеттите за да се види како уметниците ги загрозуваат своите тела и им нанесуваат жестока физичка болка со цел да произведат мисла. (Pluchart 1978; 39)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Капитализмот во темните работилници; фашизмот, со декрет на Мусолини во 1923 година, ќе се обиде во Италија да ги обесхрабри козарите наложувајќи зголемен данок за секоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За секое семејство во градот можеше да се напише хроника, во која најзначајно место ќе заземеа козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постои главна книга – го покажа жолтиот тефтер – и постојат пописни листи за секоја коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За секоја важна работа треба ферман, царски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога нѐ подготвуваа за да нѐ носат, донесоа некаква одлука за секоја група од по 30 деца да има по една жена која ќе им биде како мајка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
По одењето горе во сопчето Пискулиев за секој случај ја зема книгата да ги провери своите искажувања за компирите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оваа постапка постигна врв во Јаже (1948), во кој нема резови; може да се каже дека целиот филм, поради постојаното движење на камерата, е еден единствен долг кадар (Составен е, всушност, од осум кадри по десет минути - еден кадар за секој колут).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тепачките во салуните, или она што во вестерните го работат кога ќе го нокаутираат главниот јунак или кога еден тип ќе собори друг на масата која под нив се крши - тие во салуните секогаш кршат барем една маса - секогаш се снимаат оддалеку.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За сѐ се сеќаваше, за секоја подробност, ништо не беше заборавила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Единствено Геро имаше калауз за секоја квака, макар што го држеше само клучето од катанецот на шаторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Модернистот треба да е, да ја наведеме Хјумовата полна со восхит карактеризација на Њутн, “претпазлив да не допушти никакви принципи освен оние што се засновани на експеримент, и решен да го прифати секој таков принцип, колку и да е нов и необичен”17.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве го. Natural Born Killers, новата пародија на најдрскиот Холивудски автор, фрла сиров поглед врз Американската слепа фасцинираност со извртените умови. ѐ34 милионскиот филм е толку маничен, толку насилен, толку идентификуван со темата што ја сатиризира, што Warner Bros, спомнуваше потенцијална огнена бура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таблоидните весници и ТВ програми, некогаш на маргините на новинарството, сега се во неговиот најжесток центар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А Хјум препорачува за секоја книга да се запрашаме себеси „Дали таа содржи какво и да е апстрактно расудување за квантитетот или бројот? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Контакт-емисиите нудат надри-катарза за секој облик на брачно или семејно малтретирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така е многу критичен и ревносен да ги идентификува поголемиот број наши интуитивни и саморазбирливи предрасуди и потоа да ги стави под прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми даруваш за секој прст по еден студент прстен, големите зими во нас така се вселуваат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Иако тие ја знаеја и за секој случај ја имаа на ум поговорката Што ти носи часот не ти носи годината, но повеќето веруваа дека таа поговорка се однесува на тоа дека не знаеш кога ќе ти пцовиса волот или кога ќе падне град да го столчи и тоа малку што се родило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И за секоја инспирација која исцрпена од нив, за да се пренесе на сите како одраз на времето, неблагодарно кон нив, ја фатив во стих.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Неговата подвижна библиотека во егзилот за секое значајно дело и настан во неговиот живот беше свртена кон потрагата на идентитетот на својот народ, за неговото илирско потекло, историската изолација во која гледаше причина за постојаниот егзил на својот народ од кој не беа изземени тој и неговото семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е затоа што тие се подготвуваат за секоја точка како никој да нема никогаш да ја види, и од таму доаѓа и совршенството на тие точки кога се изведуваат пред публика, односно стремежот кон апсолутот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го направи тоа тогаш кога му требаше поткрепа на неговиот народ, тогаш кога крвта која течеше низ нашите вени потрепери од ужас од каков што трепереле нашите претци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, Евреите станаа виновни за своите страдања, за секое злосторство врз нив брат ми најде оправдување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За секое од нив би можело да се напише по една цела книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас не можам да допуштам Турците да не се поучат од него: јасно е за секој, па и за Турците, оти Турција не може повеќе да ја зачува Македонија ако продолжува со истата политика кон нас што ја водеше досега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му станал туѓ, тежок, речиси неупотреблив и го изненади тоа што беше станал сосема самосвесен за секоја и најмала граматичка грешка или несовршен изговор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше собрани податоци за секој од обвинетите, за загинатите и за фатените.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не се сомневам дека ќе бидам слушана на радио „Ласер“ или гледана во моето шоу за обични луѓе со необични проблеми ама, за секој случај емисиите ќе бидат снимени и, кога телефоните нема да заѕвонат во контактниот дел, тогаш, како сите други, ќе речам: „Драги мои, гледаноста е сензационална,линиите се блокирани од јавувања.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За секоја буква имаше по една епизода.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За секое крштевање, венчавање, закопување, пеење вода, кревање леб, за секое причестување и за сѐ поп викавме од Сапотница. И за арно и за лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас мавтам со рацете, се чипчам, ко мачка: за секое камче, за секоја сламка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За секоја цигара - чкрап со кибритот. Да пукнеш од мака. А мојот со нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За секоја будалетинка - друг збор, посебно име.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако било што што можеме да знаеме е согледано како премин од нешто друго, секое искуствено сознание мора да има две страни; така, или секоја именка мора да има двојно значење, или пак, за секое значење мора да постојат две именки”. **
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Внимавај на кабелот, уметниче, знаеме дека забораваш и на својата глава! – продолжи и се насмевна шегобијно, за секој случај меркајќи го со будно око кабелот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Според строгите сиповски одредби за секое обраќање кон медиумите мораше да се бара одобрение од Централата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вие ме почестивте со Вашата посета за да ги земете пред многу години порачаните книги. Ова е голем ден за секој букинист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Записите, некаков вид дневник / извештај за секој поминат ден (беше моја задача тоа да го регистрирам) останаа во една пожолтена тетратка, што секако при трансформации на планинарската организација - не била сочувана, како и многу друг архивски материјали - документација од тоа далечно време.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А јас - што сум сторила? - Предвреме сум се загледала во очите - длабоки вирови - и бликнаа солзи, чиниш, росна капка за секоја планинска темјанушка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ова може, превртено или реципрочно, да се каже за секој идентитет и секоја идентификација: нема однос кон себе и поистоветување на себеси, без култура, но мојата култура како култура на другиот, култура со двоен генитив и разлика во себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Согласно ЗТПОК, корисникот на попустот има право да ги купува акциите, односно уделите со основен попуст од 30% од номиналната вредност, зголемен за 1% за секоја полна година на работен стаж во претпријатието, со тоа што износот на купените акции, односно уделот со попуст не може да го надмине износот од 25.000 германски марки (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Та тој веќе за секое девојче в село даваше разни оценки: ваква е Јана Даскалова, онаква е Велика Балева, таква е Трпа Шишева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија“ за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се мразам што егото незнам да го скротам за секое срање газот да го потам се мразам себеси што Бог го разочарав и погана уста што често отварав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чана беше среќна што Митра не ја опсипа со прашања па така и си легнаа, се стиснаа една во друга за секоја на свој начин да го повикува кадрото на Пелагија пред себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Американецот, пак, за секоја утка се обвинува само себеси.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И јас нејзе ѝ дадов сметко-потврди божем од банката каде што тие ги упатувале дневниот пазар за секој ден во месецот и ги вртам датумите на печатот, го удирам за секој ден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Братучедите, прво, за секој случај, се сачеа сѐ понастрана додека не сфатија дека во ова несфатливо сновање може да се случи да ги разделат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неговите колци се од најдобар глог. За секое срцение има задоволение, грешним утешение…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да му извадам некој нокот за секој случај?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Артистот не ги поднесуваше критичарите. Ги нарекуваше „портабл-енциклопедисти“ – За секој поим знаат по два реда – им се потсмеваше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За секој случај, не само Чана и Роса кои навреме го исполнија ветувањето дадено на баба Петра и пред големите дождови го имаа ископано нејзиниот гроб, туку на дедо Господ му беа благодарни сите Егејци од населбата Мичурин што ги засолнал токму зад овој насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За секој случај признува да ли навистина спијат двете Пелагии. Да!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Полицијата пак, за секој случај, ќе го уапси и него, вели. 14.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како за секое црево да се јаде одделно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ти удрат неколку, а потоа пак уште неколку за да не ги заборавиш првите. За секој случај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преку името се сеќаваме за секој човек одделно".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- За секој случај, ти остави ми го тоа што си го извадил, па ќе видиме моиве мечиња ќе остават ли нешто за другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За секој писател најнепосредно зборуваат неговите дела, па затоа да ги слушнеме нашите рецитатори и литерати!“ ја отвори средбата Теми - возбудена, но без грешка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А второ, да знаеш, за секој разговор се плаќа и тоа според импулси“, ја подучи Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги изработуваат - за секоја општина - подрачните единици на Републичката санитарна инспекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секој од вас ќе добие дел од наредбата што се однесува конкретно за секоја единица и тоа во детали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Нека останат тие петстотини, му вели татко ти - зашто ако се фатиш со старата, секој ден и за секој изговорен збор ќе ѝ бараш да плаќа казна... - одново удри смеа, а Мита, кикотејќи се гласно, праша: - Како му рече баба ти на судијата? ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Добар ден за секој створ! - од високо вика бор.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За секое дрво по едно дете да доведете! Илјадници дрвја, илјадници деца!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)