до (предл.) - каде (прил.)

И сега, штом ги виде чорапите изгужвени, ѝ побара на Митра ножици и распара еден од чорапите до каде што беше искинат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не знам до каде да зборувам и колку треба да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прикажуваше една шега дека еднаш ѝ напишал мајке си да му прати пари да си дојде додома од градот, до каде што стасуваше железницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Целиот ќе го читаш? - Не сум луд. Имам обележано од каде до каде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
До каде допира неговото властодржие, знаат само тој и водите на кои им командува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам каде, не знам точно до каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде е човекот? Напред! До каде напред, ако не дотука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знае до кај зафаќа гумното нивно, иако гумното е одградено. Знае и зад куќи до каде е нивно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)