до (предл.) - еден (прил.)

Првиот што излегол, пукнал во некој од Турците и така на куршум одговарале со куршум, на штик со кама. Така изгинале нашите до еден...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Сите до еден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)