до (предл.) - стар (прид.)

Ќе ги нас`скаше едни спроти други, а таа ќе се измиголеше и ќе се вртеше во дворот, ќе легнеше во собата од куќата на стопанот и до стариот кревет, ќе заспиеше во длабок сон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така беше адет тогаш: кога се прави нов поп, сите пријатели да го поткрепат за да се приближи и тој до старите попови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жена ми е пушката малихерка, а деца ми се дробните фишеци...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Весел човек. („Забега овој“, го притисна гласот, ама за инает, црвеното на семафорот му се запали пред нос).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Молам? - Ду театаро. - А, до театарот. До стариот или до новиот? - Ду старио. Кај кафаната „Театарче“. Знааш дека?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во уводот, на една прошетка по старо Скопје, до Старото кале на кое се наоѓа црквата „Свети Спас“, писателот ја открива својата намера: „Тука, среде црквата, во ореов сандак, нарежан на шари, лежи еден војвода“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Двете деца, меко газејќи по изгниените прагови, со неизбежните вреќи на грб, се доближија до стариот вагон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Орце зел под кирија друго дуќанче веднаш до старата берберница. „Бакалин“ и „стопан“ на бакалницата станал Марко Бошнаков од Охрид.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)