до (предл.) - нејзин (прид.)

Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите испраќаа поздрави од своите познати, а малата Мирјана од Скопје напиша и писмо, само не ми кажа дали до нејзините роднини или до нејзиниот сакан...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се доближив до нејзиното уво; ѝ дишев на уво и таа рече, без да се сврти: „Престани. Престани со тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Аѓутантот отиде до Ина, се наведна до нејзиното уво, а таа се закикоте.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Друг охриѓанец, Димица, 124 се подвизува во Грција и за него има значење историјата на Македонија само до нејзиното завојување од Римјаните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И сега, за крајот на приказнава да биде ист како во филмот „Прити вуман“, таа цела ноќ плете скали од надвор на највисоката зграда во градов, за тој, победувајќи го стравот, да се искачи до нејзиниот балкон и да ја побара. За макар уште една недела, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сѐ уште тапкаше во место кога повторно до нејзините уши допре уште еден, но со друга боја плачлив глас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше истата личност која седеше до нејзиниот „лотосов“ цвет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја крена раката и на таксистот му тутна во раката дупло повеќе отколку што беше цената до нејзината зграда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повторно истиот Томов глас од докторската соба допре до нејзините уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полуостровот за сега ѝ е под мирисливото здолниште а заразата од раните не се шири и не достасува како болка до нејзата спокојна свест и до студената совест.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон ги доближи усните до нејзиното уво. „Сега“, шепна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот стаса до тремот на Рожденката, и бидејќи тука беше Неда, и до нејзините уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XLIII Живеевме близу маалото каде што била куќата во која се родила и мина дел од детството и од младоста славната Мајка Тереза, сѐ до нејзиното заминување во светот, во нејзината славна мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Се измени на почетокот текот на реката, а по завршувањето на градежните работи, две години подоцна, дојде и до нејзино целосно блокирање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Наеднаш, кога Балот сосема испари од сферата на неговото интересирање, негде попладнето, кога дефинитивно беше објавен денот на одржувањето на оваа забава секретарката Јованка влезе во канцеларијата со поканата в рака и тоа држејќи го пликот поткренат над градите, речиси допрен до нејзините розови усни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И така, не му преостанувало ништо друго освен да појде до нејзината куќа по лекови и мелеми и леле! колкава изгореница имал на лицето, под очите!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Допираат до нејзините уши тивки воздивнувања.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И, се чини, токму во моментот кога тој штамата во мракот ја имаше проникнато до нејзиното можно дно, чу... Не знаеше што чу!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)