до (предл.) - главен (прид.)

Уличката водеше до главната улица, а долу кај следниот свијок, ни пет минути од тука, се наоѓаше старинарницата во која ја купи празната тетратка што сега беше негов дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пишав и до ЦК, вели, и до главниот одбор на ДАГ, но писмата изгледа не отидоа подалеку од овдека...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фарук Кадуми ја очекуваше посетата на закажаните средби со неколку амбасадори на арапски и западно- европски амбасадори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме допрати до главната излезна порта на која стоеја неколку војници наоружани со калашникови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остануваше да се доближиме до главниот влез на резиденцијата, низ Авенијата на палмите. И тука војник до војник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можевме да влеземе во малата уличка спроти вилата Магребија, каде што Бешир обично го паркираше мерцедесот. Просторот беше целосно блокиран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)