до (предл.) - важен (прид.)

Со моето откритие на несвесното, со објаснувањето дека токму оној дел од нас кој ни е скриен и непознат, ги одредува нашите мисли, чувства и постапки, јас сум на пат да го сменам светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)