до (предл.) - пладне (имн.)

” На 13.11.1903 год. по разговорот со Мисирков во Софија, во времето кога се печатеше неговата книга, Е.Спространов запишал: „Уверен сум дека неговиот македонски јазик ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Утре до пладне, наместо да одиш на занимања, патеките ќе ги чистиш од лисјето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Но, ти обожаваш да спиеш до пладне и одвај се извлекуваш од кревет – ме потсети татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го очекуваа десетина работи што мораше да ги заврши до пладне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но тоа нешто е вештачко и како такво ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)