до (предл.) - небе (имн.)

Ми далече изгублени молими, просими, зовими, глас испуштами дури до небето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога стигнавме, кога патот го изврвевме и тој се срони во најфина прашинка под нозете наши и се потроши, здогледавме рамна земја со ситен песок, пустина што се вика, и среде таа рамна земја – го видовме папокот на светот: планина гола, непошумена, гора соголена, висока до небото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)