до (предл.) - инспектор (имн.)

Покрај поголемата експлицитност на одредбата, ЗИТ (1997) ја предвидува и дополнителната поволност работникот, своето барање до инспекторот, покрај писмено, да може да го изјави и усно пред него – а новина е воведувањето на можноста инспекциска интервенција да побараат и кандидатите за вработување, односно лицата пријавени на јавен оглас кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претходно, со ЗИТ (1985), беше предвидена помалку експлицитна одредба – која, потоа, беше преземена во стариот ЗРО/93, според која работникот, за заштита на своите права, можеше да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До Инспекторот на полицијата Скопје Од управителот на поштата во Прилеп и од началникот на Прилепски срез добив телеграма со која ме известуваат дека четниците кои се враќаат од бојното поле вовеле вистинска анархија и безвластие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со себе носат девет коњи и едно магаре кои ги оплачкале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Покрај поголемата експлицитност на одредбата, ЗИТ (1997) ја предвидува дополнителната поволност работникот своето барање до инспекторот, покрај писмено, да може да го изјави и усно пред него, а новина е воведувањето на можноста инспекциска интервенција да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)