до (предл.) - влез (имн.)

А во таа таква опстановка, требаше да знам дека тоа е нормално и дека кучето сигурно е тука, блиску до влезот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лисичињата легнаа близу до мајката, а зајачињата на другиот крај од пештерата, веднаш до влезот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Никола Поцо само одел напред, тие ја носеле главата в зобница по него до влезот на резиденцијата на Беадин-паша.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дрвјата со голи гранки. Леите со цвеќиња покажуваат патчиња од уличката до влезовите на куќарките.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беа на вечерната прошетка, од нивниот хотел до влезот на населбата, сѐ покрај брегот, по патеката мештаните што ја викаа слоновска, бидејќи по неа шетаа заслужните пензионери додека за возила беше забранета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)