до (предл.) - венчавка (имн.)

Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во деновите до венчавката во ниту еден момент, со ниту еден гест, не ја откриваше својата тага. На секој ден му даваше нова боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)