до (предл.) - болка (имн.)

Дишеше длабоко и бурно и така го смири неволниот нагон што неконтролирано, до болка му го стегаше желудникот, но не и чувството на потполна излажаност, не и впечатокот дека заедно со трите транспорти и неговиот живот е заминат во некоја непозната и дефинитивно изгубена насока.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
(Патешествијата на Кривошееви и на многу други фамилии раселени од огништата во Грција до болка се раскажани во романите на Ташко Георгиевски... во Плочата на животот е објавено и писмото што дедо ми Борис од Ташкент и го пишувал на баба ми кога таа со неговите три сина живеела во Гаково).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Несоницата е... Несоницата е исплукан нокт, мрсул под маса, првут од триење, чешање до болка – болка од мислење.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Понекогаш можеби и го фрла скришно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.  Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само една огромна, до болка раззината ужасна глад, во тие испрекрстени писоци, пред кои се отвораше и молкнуваше целата Долина, сета ноќ, сиот свет, престорувајќи се во некаква бездна празнина, што не можеше дури ни да се одзвие, ни да одекне, ни да одѕвони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)